Принцот Чарлс ја напушти самоизолацијата

31 март, 2020
charlse

Во консултација со неговиот лекар, принцот Чарлс ја прекина својата изолација, која траеше седум дена.

Минатата недела беше објавено дека принцот Чарлс, откако покажа благи симптоми на болеста, тестовите за корона вирус покажаа позитивен резултат. Потоа отиде во самоизолација, но продолжи да работи од дома.

Неговата сопруга Камила, која исто така беше тестирана за корона висус не била заразена, ќе остане во самоизолација до крајот на неделава.

Инаку, иако сè уште не е познато колку луѓе заразил британскиот принц со вирусот КОВИД-19, од палатата нагласија дека 93-годишната кралица Елизабета Втора е безбедна, затоа што пред принцот да се зарази, таа го напуштла замокот и му го предала „диригентското стапче“ на внукот, принцот Вилијам.