Принцот Хари и Меган Маркл ја затворија „Кралската добротворна организација“: Започнуваат нов бизнис, спасувајќи го светскиот туризам?

6 јули, 20200
hari

Меган Маркл и принцот Хари официјално ја затворија својата добротворна група „Кралската добротворна организација“, пишуваат британските медиуми, додавајќи дека парот доставил официјална документација до агенцијата „Компани хаус“, со цел да се распушти кралската фондација, со желбата да се посветат на новиот бизнис.

Имено, фокусот се префрли на еко-туристичката шема на принцот „Травалист“. Компанијата – која е основана самостојно – се надева дека ќе и помогне на тешко погодената туристичка индустрија да ја надмине кризата со короната.

Патем, потегот на парот да се пробие со својата добротворна организација е делумно последица на одлуката на кралицата Елизабета дека Меган и Хари веќе не можат да го користат зборот „кралски“ во своето брендирање.

Инсајдер изјави дека парот, кој ја напуштил Велика Британија на почетокот од оваа година и „крена прашина“ низ целиот свет околу нивните потези, сега сакаат да се посветат на нови вложувања, како што е „Травалист“, со кој се соединуваат некои од најголемите оператори во туристичка индустрија (Visa, Booking.com, Skyscanner).


Целта е да им се олесни на патниците да изберат опции со ниски СО2, односно да изберат дестинации од кои локалните заедници ќе имаат повеќе корист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi