Роденден дома: пет чекори за прослава која детето засекогаш ќе ја памти!

10 април, 20200
rodenden

Роденденот е најубавиот ден од годината за секое дете. Тоа е денот кога му се исполнува по некоја желба, добива подароци, но најважно од сè, значи прослава со другарчињата и роднините. Сепак, овие месеци многу дечиња не можат да имаат ваква прослава, но тоа не значи дека не можете да направите незаборавна прослава и во вакви услови, со малку труд и креативност. Еве неколку идеи за роденденска прослава на која коронавирусот не може да и застане на пат.

1. Направете или нарачајте посебна торта

Тортата е секогаш ѕвезда на една роденденска прослава. Доколку имате опција, можете да нарачате торта, но доколку не сте во можност да нарачате, можете да најдете рецепт за онаа торта за која ги имате сите потребни состојки, а во подготовката можете да го вклучите и детето. И секако, не заборавајте да набавите свеќички

2. Што е со подароците?

Подароците можете да ги нарачате преку интернет. Иако пред нас се економски несигурни времиња, подарете му на детето барем еден подарок. А можете и сами да изработите подарок. Доколку нарачувате, имајте предвид дека заради ситуацијата можно е доставата да трае подолго, па затоа на време нарачајте го и обезбедете го подарокот.

3. Вклучете ги и милениците и играчките во прославата

Бидејќи не е дозволено собирање на повеќе луѓе кои не се дел од семејството, голема прослава не е опција, но можете да донесете решение кое ќе му остане во сеќавање на детето. Доколку имате миленик, вклучете го во прославата. Ставете му капа. Куклите исто така можете да ги вклучите, да ги наредите на кревет, да им ставите капи и сите да глумат гости на роденденот.

4. Соберете снимени честитки од пријателите и роднините

Неколку дена пред роденденот замолете ги пријателите да снимаат кратки пораки со честитки за детето. Сите честитки ставете ги во едно видео кое ќе му го пуштите на детето.

5. Смислете забавни активности кои ќе се разликуваат од другите денови

Иако не знаеме кој ден и кој датум е, сепак, направете нешто што ќе биде поинакво од останатите денови. Смислете некоја активност која ќе му помогне на детето да се чувствува посебно тој ден. На пример, извадете ги новогодишните сијалички, направете мала тврдина во дневната соба, или пак виртуелно посетете некој од забавните паркови во светот, како на пример Дизниленд.

И, прославата може да почне! Среќен роденден!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi