Шакалите излегоа во центарот на Тел Авив! Короната ги принуди на тој чекор

15 април, 20200
6

На пролет, паркот Хајаркон во центарот на Тел Авив е полн со луѓе кои тренираат, но оваа пролет, среде пандемија на вирусот корона, тој е полн со шакали.

Пристигнале од непозната локација и го окупирале еден од најубавите паркови во Израел, каде децата играат под нормални околности, а младите организираат излети.

Иако граѓаните првично мислеа дека шакалите се симнуваат во градот за да се забавуваат, ветеринарите велат дека биле водени од глад.

– Шакалите обично се држат до периферијата на градот, каде наоѓаат остатоци од храна и со тоа преживуваат. Сепак, сега тие се принудени да влезат во центарот на градот за да се хранат – кажа ветеринарот Зви Галин.

Шакалите се толку гладни што дури и дозволиле луѓето да им се приближат до нив и да им оставаат садови со храна.

Ова не е прв случај на животински свет кој доаѓа во градовите во Израел. Неодамна, диви свињи беа забележани како шетаат по улицата во еден град, а планинските кози се појавија во Ејлат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi