Со нејзиното раѓање, светот занеме: Ја нарекуваа чудовиште и грешка на природата, а нејзиниот живот денес го слави цел свет! (ФОТО)

1 ноември, 2020
луза

Секој 25 јули, Луиза слави роденден. Таа е обична жена, не се разликува од другите Англичанки. Таа има сопруг и две деца. Тој работи во бродоградилиште. А сепак, иако никогаш не ја ни запознале, нејзиниот роденден го слават сите родители ширум светот, како и скоро 8 милиони нивни деца!

Британката Луиза Браун е позната како првото „бебе од епрувета“. Таа е родена на 25 јули 1978 година, како „медицинско чудо“ што на доктор Роберт Едвардс му ја донесе Нобеловата награда по медицина 2010 година за неговиот извонреден придонес во развојот на ‘ин витро’ оплодувањето.

Прва и единствена

Мајката на Луиза, Лесли, девет години се обидуваше безуспешно да остане бремена. И таа и таткото на Луиза, Џон, беа целосно здрави, но не можеа да направат дете. Тогаш лекарите Патрик Степто и Робертс Едвардс им предложија револуционерен метод – тие ќе оплодат јајце клетка надвор од телото и потоа ќе го вратат во Лесли, која на тој начин ќе остане бремена. Денес, оваа постапка ја знаеме како „ин витро“ оплодување, но пред 1978 година никој не сторил такво нешто.

Девет месеци подоцна, се роди Луиза. Лесли се породила со царски рез во болницата во Олдам, северо-источно од Англија. Бебето тежеше 2,6 килограми, беше потполно здраво и убаво.

Нејзиното раѓање им даде надеж на милиони парови ширум светот кои со децении се бореа да се реализираат како родители. Се проценува дека досега се родиле меѓу 6 и 8 милиони бебиња по пат на вештачко оплодување. Дури и Лесли и Џон подоцна добија уште една ќерка – Натали, исто така, зачната вештачки.

Но, Луиза беше прва!

Славата имаше своја цена!

Луиза беше апсолутно совршена девојка и во никој случај не се разликуваше од бебињата зачнати природно, кои се родија тој ден. Сепак, тоа не ја избегна горчливата „цена на славата“.

Во првите неколку месеци по нејзиното раѓање, нејзините родители беа бомбардирани со зборови полни со омраза. Стигаа и хартии попрскани со крв, луѓето пишуваа дека целото семејство ќе гори во пеколот, а Луиза беше наречена чудовиште.

Морничавите коментари не останаа незабележани од медицинскиот тим кој ја изврши постапката. Научниците, политичарите и дел од црквата ги критикуваа лекарите, велејќи дека самата идеја е „навреда за природата“.

„Беше заканувачко и застрашувачко, и со оглед на времето што им беше потребно на луѓето кои го смислиле тоа и го испратиле низ светот, би рекла дека тоа беше болен чин на некои болни умови“, изјави Луиза во 2015 година.

Сепак, имаше и поддршка. Заедно со овие писма дојдоа и оние полни со љубов, особено од парови кои, како и нејзините родители, со години безуспешно се обидуваа да имаат дете.

Таа живее „како целиот нормален свет“

Иако е родена „под рефлектори“, Луиза на крајот стана анонимна. И, така и одговара. Денес, таа живее изолирано во Бристол со нејзиниот сопруг Весли и двете деца кои се зачнати природно. Тој работи во бродоградилиште.

Последен пат таа даде изјава за медиумите по повод нејзиниот 40-ти роденден, односно по повод четири децении од првото вештачко оплодување. Тогаш таа на шега рече дека би сакала роденденот да и биде малку интимен и приватен, но и дека и е јасно дека нејзиното раѓање означи нова ера во развојот на медицината и дека и е драго поради тоа.

Иако, по повод четири децении од овој настан, таа изјави дека повеќе би сакала нејзиниот роденден да биде нејзина лична интимна прослава, за неа е јасно дека нејзиното раѓање го означи почетокот на историјата прославена од 6 до 8 милиони бебиња родени со ‘ин витро’ оплодување.

escort - Korsan taksi