Тие сакаа да ги фрлат: Продадоа голема колекција на играчки за 443.000 евра!

6 ноември, 2020
играчки

Британскиот пар може само да и се заблагодари на својата среќна ѕвезда што не ги фрли во ѓубре играчките од „Војна на ѕвездите“, кои си ги пронајдоа новите сопственици, и нему сума од 443.000 евра!

Брачната двојка од Стурбриџ во централна Англија не знаеше што да прави со купот кукли и вселенски летала што нивниот сосед ги собираше со децении.

За среќа, нивниот син шпекулираше за големата вредност на играчките и викна експерт да ја процени колекцијата, која исто така вклучуваше и неотпакувани оригинали на играчките.

Некои од играчките беа малку влажни, но ова е најубавата колекција на „Војна на Sвездите“ што сум ја видел. Добивме прашања од целиот свет и бевме сигурни дека продажбата ќе оди добро – изјави за британскиот весник експертот Крис Астон од аукциската куќа Aston’s Auctionneers.

Меѓу предметите беше и командантот на Уништувачот на ѕвездите, еден од авионите од флотата на Галактичката империја,и има, колку што е познато, само две копии во оригиналното пакување и се продаваа за повеќе од 36.000 евра.

Фигурата Jawe, која е мало суштество со качулка и светли очи, исто така беше нераспакувана и како еден од десетте познати примероци се продаде за повеќе од 30.000 евра.

Фигурите кои беа инспирирани од филмот, кои беа купени за помалку од две евра по парче во раните 80-ти, беа продадени на аукција по цена од 1550 евра. Предмети од колекцијата инспирирана од една од најпознатите филмски саги во светот со години привлекуваат колекционери, подготвени да ја одврзат торбата за да купат играчка инспирирана од вселенската франшиза.

Фигурата Лук Скајвокер, која беше купена како играчка за деца во 1978 година, беше продадена во 2015 година на интернет-аукција во за 25 за повеќе од 21 000 евра.

Брачната двојка која не ни знаеше каква вредност чува во гаражата од својот дом, како да освоија џекпот без да купат лото ливче – заклучува Астон.

escort - Korsan taksi