Тој влезе во ресторанот и нарача само едно пиво: Келнерот не можел да поверува зошто му оставил 3.000 долари бакшиш!

25 ноември, 2020
пиво

Еден муштерија во еден ресторан во Кливленд остави бакшиш од три илјади долари откако испи едно пиво. Ова се случи во пресрет на затворањето на ресторанот поради пандемијата на корона вирус.

Според сопственикот на ресторанот Брендан Ринг, човекот влегол во ресторанот и побарал пиво што чинело седум долари.

Како што напиша на Фејсбук, гостинот му посака се најдобро и рече дека им остави бакшиш на неговите четворица работници. Кога гостинот го напушти ресторанот, Ринг сфати дека добил „дури три илјади долари“.

„Трчав по него и тој ми рече дека не е грешка и дека ќе се видиме откако повторно ќе се отвори ресторанот“, рече тој.

Ринг рече дека не сака да го каже името на мажот затоа што чувствува дека и тој не би сакал. Тој истакна дека тој и неговите работници се благодарни за ваквиот „неверојатен гест“.

escort - Korsan taksi