Трагичниот крај кој го имаше принцезата Дијана ја спаси од принцот Чарлс!

27 јули, 20200
d

Бракот на принцезата Дајана и 71-годишниот принц Чарлс сеуште е актуелен. По нејзината трагична несреќа, на 31 август 1997 година, сè уште се поставуваат многу прашања и теории на заговор за тоа колку трагедијата всушност била несреќен случај и дали принцезата која не можела да се вклопи во тие кругови е намерно убиена. Ако принцезата Дајана беше жива денес ќе ја прославеше својата 39-годишнина од свадбата со Чарлс.

„Двојката од соништата“, како што порано ги нарекуваа британските медиуми, која не беше баш толку совршена, се венча во 1981 година. Со оглед на сите несогласувања и скандали во текот на нивниот заеднички живот, ако таа не починала пред 23 години, прашањето е во какви односи би биле тие денеска и како би изгледало сè по нивниот развод.

Иако имаше многу скандали во нивниот заеднички живот, а принцезата не беше најприфатена во кралското семејство, пред нејзината несреќа Чарлс реши јавно да признае дека ја изневерува и дека е во врска со неговата сегашна сопруга, 73-годишната Камила Розмари Шанд.

Пред распадот имаше многу драма, но дури и без тоа, процесот на развод беше тежок и комплициран. Првата објава за развод беше спомената уште во 1992 година, што беше четири години пред нивната конечна одлука. Во една прилика, Дајана во јавноста рече дека главната причина зошто размислуваат за развод е тоа што тројцата се во брак, осврнувајќи се на Камила со која принцот ја изневерувал.

Една година по разводот, принцезата почина во сообраќајна несреќа во тунел во Париз. Таа во тоа време имаше 37 години, а по веста за трагичната несреќа, јавноста се скрши. Британците го затрупаа влезот во палатата Кенсингтон со цвеќиња и чекаа во ред со часови за да ја потпишат книгата на сочувството. Деталите за несреќата се уште се непозната мистерија, поради што сите имаат сериозни сомнежи за природата на несреќата.

Во несреќата загина и Доди Фајед, кого принцезата Дајана го сакаше по принцот. По разводот од принцот Чарлс во 1996 година, страсната врска помеѓу Дајана и Доди ги разбрани британските судови, а последните мигови од животот ги помина со својата нова љубов. За нешто помалку од една година, таа имала однос со Доди што никогаш го немала со Чарлс.

Преголемата разлика во години,и немањето теми за разговор, дури и пред разводот, ги натераа да се дистанцираат едни од други. На почетокот имаше некои незгодни ситуации затоа што принцот прво се запозна со сестрата на принцезата Дајана, но бидејќи Дајана немаше никој пред Чарлс, се чинеше како „попаметен“ избор за него, а тие продолжија да ја градат својата љубов откако дојдоа двата нивни сина на овој свет. Првиот син, принцот Вилијам, е роден во летото 1982 година, помалку од една година по свадбата. Во септември 1984 година пристигна принцот Хари, кој денес ги исполнува насловните страни со неговиот брак со американската актерка Меган.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi