11 август, 2020

Меѓу жртвите и Бела Хадид

Брендот за долна облека Victoria’s Secret повторно среде нов скандал. Обвиненија за сексуално вознемирување доаѓаат од сите страни. Бројни модели и вработени жени објавија дека со децении биле малтретирани од нивните претпоставени, пренесува „LA Times“. На прво место се обвинети директорите Лес Векснер и Ед Разек, кои се карактеризираат како крајно агресивни. Ед постојано несоодветно ги допирал моделите, барајќи од нив да му седат во скут, се обидувал ги бакне и ја користел својата моќ за да го добие она што го сакал од нив.

„Да се ослободиме од гаќичките“, рече тој еднаш, вели 23-годишната Бела Хадид, која тогаш го одбила, па така нејзиниот договор со Victoria’s Secret не беше обновен.

Маркетинг директорот Разек стоеше зад досегашната визијата на брендот за „хиперсексуални слаби девојки“. „Политиката во случајот за сексуално вознемирување е со максимално ригорозна. Ужасно ни е жал за секоја можност кога не го прекинавме на таквото однесување“, рече Лес Векснер, сопственик на „L Brands“, куќата која е главна над Викторија Сикрет и неколку други модни брендови. Тој потенцираше дека тие се свесни за својата одговорност.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Уште еден секс скандал! Злоставувани манекенките на Victoria’s Secret
Горе