Зависност од ПОРНОГРАФИЈА: Кои се симптомите и како точно се лекува?

21 ноември, 2020
porno

Човекот може да стане зависен од сè, вклучително и од порнографијата!

Иако многумина ја сметаат порнографијата само како група порнографски филмови, видеа или слично, желбата да се гледа порнографија кажува многу за сексуалниот идентитет на една личност. Родовиот идентитет се развива на рана возраст кај луѓето и врз неговиот развој можат да влијаат голем број фактори во текот на животот.

Зависноста од порнографија се развива поради чувството на задоволство што се јавува за време или по гледање порнографска содржина. Самиот поим за зависност од порнографска содржина не е медицински потврден и не се третира официјално, но се смета дека секое претерување укажува одреден психолошки проблем.

Студијата од 2015 година покажа дека по само 300 милисекунди гледање порнографија, се случуваат промени во активноста на централниот нервен систем. Предизвикува иста реакција во мозокот кога кога зависник од дрога гледа дрога или слики поврзани со дрога.

Симптоми на зависност од порнографија
Зависностите како ментална или физичка состојба се јавуваат кога веќе не можеме да функционираме без нешто и кога тоа почнува да создава потешкотии во секојдневниот живот. Во медицинска смисла, зависноста е хронична и повторувачка болест и се јавува како резултат на стимулација на активноста на централниот нервен систем. Кога на пример ке претераме со кознумирањто на порнографската содржина може да се развие болест или зависност од порнографија.

Меѓутоа, лицето кое сака да гледа порнографска содржина од време на време и ужива во тоа, не е автоматски зависно од порнографија. Има голема разлика дали станува збор за желба или зависност.

Еве неколку симптоми на зависност од порно:

· Силна желба да се конзумираат порнографски содржини.

· Константно пребарување порнографска содржина.

· Неможност да се запре конзумирањето ваква содржина.

· Губење на сексуалната желба во реалниот живот.

· Чувство на возбуда исклучиво само со порнографска содржина.

· Губење на чувството за привлечност кон други луѓе.

· Криење порнографија од партнерот или партнерката.

· Физичка болка на гениталиите.

· Чувство на лутина и беспомошност поради постојаната желба за порнографија.

Зависноста од порнографија не се разликува премногу од другите зависности како од дрога, цигари или алкохол. Сите тие се засноваат на процесот во кој едно лице бара содржина (во овој случај порнографија), чувствува задоволство само кога ќе го добие, и додека го нема, чувствува болка, тага или празнина.

Дополнителни проблеми
Луѓето кои се зависни од порнографијата можат да имаат големи потешкотии во врските и наоѓањето на партнер. Покрај тоа што имаат нереална идеја за тоа како треба да изгледа или да се однесува нивниот партнер поради порнографска содржина, тие тешко можат да почувствуваат сексуална возбуда кон вистинската личност.

Ова предизвикува осаменост и дополнително ја поттикнува зависноста. Освен осаменоста во однос на наоѓање партнер, не е невообичаено зависната личност да биде целосно воздржана да се поврзе со луѓе и со тоа да ги изгуби пријателствата или да не создаде нови.

Поради зависноста од порнографија, едно лице може да го помине своето време на конзумирање наместо да го изкористи своето време на нешто друго. Ова може да предизвика потешкотии на колеџ, училиште, па дури и на работа. Луѓето кои се зависни често се немирни и вознемирени кога се воздржуваат од зависноста што го отежнува нормалното секојдневното однесување.

Лекување на зависноста од порнографија
Иако медицинската заедница не ја признава зависноста од порнографија како болест, сите потешкотии со менталната состојба во секојдневниот живот треба да се третираат како болест. Компулсивната конзумација е посебен услов што треба да се третира за да им се олесни животот на зависниците.

Вие не мора сами да ја лекувате зависноста, но секогаш можете да контактирате со вашиот лекар, кој ќе ве упати на психолог. Со разговор, групна терапија или бихевиорална терапија, би можеле да го решите проблемот и на тој начин да престанете да влијаете негативно на вашиот живот и на луѓето околу вас.

escort - Korsan taksi