Изопачениот „Кралот на тигрите“ го моли Трамп да го помилува! (ВИДЕО)

16 јуни, 20200
ењр

Главниот лик на изопачената документарна серија “Tiger King”, која ги сруши рекордите на гледаност на „Нетфликс“ за време на глобалната самоизолација, бара да излезе од затвор!

Џозеф Малдонадо-Пасаж, односно Џо Егзотик, напишал писмо од затвор до Доналд Трамп, во кое бара да биде помилуван.

Американските медиуми објавија слика од писмото, напишано со рака на три листови хартија од тетратка.

“Ако милиони гледачи не виделе каква неправда ми направја, тие може да го видат претседателот. Да покажеме дека веќе нема да се толерира корумпираниот правен систем! Мојот правен тим има докази дека обвинители, агенти на ФБИ и други учествувале во заговор за да ме затворат”, обвинува тој.

Џо понатаму тврди дека чуварите на затворот во Тексас „редовно го злоупотребуваат“ и дека „шимпанзата имааат подобри услови за живеење од човекот во американскиот затвор“.

Во април, по објавувањето на серијата што ги фасцинираше гледачите ширум светот, Трамп изјави дека „ќе го разгледа“ случајот, но оттогаш не се огласи.

Ако сè уште не сте ја гледале серијата “Tiger King”, еве ја!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi