Јас сум како пушка, пукам од сила, ќе пукам и во рингот! Ражнатовиќ се враќа во боксот по долгата пауза

21 август, 20200
Annotation 2020-08-21 162655

Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ се враќа на рингот на 4 септември кога ќе боксува против досега непознат ривал.

Ова ќе биде деветти натпревар во боксот во професионалната кариера на Ражнатовиќ, кој имаше планирано три натпревари за оваа година – прво во Будва на крајот на март, потоа во Зворник кон средината на април и во Ниш на 29 август.

Пандемијата со корона вирусот ги наруши овие планови, а во меѓувреме Ражнатовиќ стана татко, така што се најде алтернативно решение и натпревар без присуство на публиката.


– Конечно ќе бидам во рингот. Премногу пауза за кој било професионалец. Што е, тука е, короната го парализираше целиот свет. Го продолжувам патот до европската титула, тоа беше моја цел долго време – рече Ражнатовиќ во најавата за борба.
Тој додаде дека тренира три пати на ден под водство на Иван Алимпиќ за да биде подготвен за предизвикот.


– Јас сум како пушка! Јас пукам од сила, ќе пукам и во рингот, верувајте ми – рече Ражнатовиќ.


Неговата борба ќе биде последна таа вечер, а најавени се повеќе домашни и странски борци. Тоа ќе биде деветти про-натпревар на Вељко, а досега има осум победи, од кои пет со нокаут.

ВИДЕО: Се чувствувам како убиец! Ражнатовиќ го опиша унгарскиот нокаут како еден од најубавите во неговата кариера

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi