Јенифер Лопез разочарана поради одложувањето на венчавката со Алекс Родригез

28 мај, 2020
jlorod

Плановите на Џенифер Лопез и Алекд Родригез во однос на нивната венчавка беа стопирани поради пандемијата на корона вирусот. Додека настапувала во емисијата The Today Show пеачката и актерка изјавила:

„Никој не знае бидејќи не можеме сега да планираме. Че треба да почекаме и да видиме како ќе заврши сево ова. Од една страна е разочарувачки бидејќи после турнеата сакав да направам кратка пауза, нешто што го правиме сега. Имавме многу планови за летово и годинава но сега се стои во едно место.“

Родригез ја запросил Лопез во 2019 година додека биле на романтичен одмор и планирале венчавката да биде оваа година но ќе мора да почекаат за да видат како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата.