Кајли Џенер не одговара на повиците на својата мајка-Еве зошто!

5 јуни, 2020
kajli 2

5.Кајли Џенер не одговара на повиците на својата мајка-Еве зошто!

Семејството Кардашијан-Џенер последниве денови доживува вистинска драма …

Списанието „Forbes“ со години ја става Кајли Џенер на врвот на листата на најбогати и највлијателни јавни личности како најмлад милијардер. Причината за тоа беше нејзиниот успешен козметички бренд „Kylie Cosmetics“, пишува Cosmopolitan. Сепак, во една од последните статии, тие објавија дека нивните проценки не биле во ред затоа што Кајли лажела за нејзиното богатство.

Kylie Jenner Goodbye GIF by E! - Find & Share on GIPHY

Со оглед на тоа што нејзината мајка, која исто така е нејзин менаџер, има увид во богатството на Кајли, се претпоставува дека таа фалсификувала даночни пријави за да може да го претстави бизнисот на нејзината ќерка поуспешен отколку што е навистина. Значи, Крис Џенер (наводно) е таа што ја претставила Кајли во медиумите како успешна жена во светот на бизнисот  и млада милијардерка, а според гласините, Кајли веќе неколку дена не одговорила на телефонските повици на Крис и тие не се во добри односи.

Kris Jenner Mystery GIF - Find & Share on GIPHY

По написот објавен во „Forbes“ ,Кајли го објасни својот одговор на целата ситуација објавувајќи на „Твитер“:  “Со какви вести се будам? Мислев дека Forbes е реномирана страница, а сè што гледам се неточни изјави и непотврдени претпоставки. Никогаш не барав никаква титула, ниту се обидував да лажам за да ја добијам.”

Се чини дека таа овој пат има сериозни семејни проблеми, затоа што по овој скандал, Кајли може да се соочи не само со негативен углед на нејзината компанија, туку и да одговара кривично, со оглед дека станува збор за фалсификување на даночните пријави, што е сериозен престап. Но таа, наводно не се грижи многу. Во еден нејзин твит, таа дури рече дека оваа состојба воопшто не ја загрижува:

“Но, добро. Јас сум благословена затоа што имам убава ќерка и успешен бизнис и се е во ред. Можам да наведам 100 други, многу поважни работи од дискутирање за тоа колку пари имам. Тоа е буквално ПОСЛЕДНАТА работа што сега ме загрижува.”

Дали е таа навистина толку студена и воопшто не е загрижена за оваа ситуација, не сме сто проценти сигурни..