Како Канје ја изневери Ким?

28 април, 20200
кање

Откако раперот и милијардер Канје Вест се ожени со старлетата Ким Кардашијан пред шест години, американските медиуми во четири наврати пишуваа за тоа дека Канје ја изневерил Ким. Со оглед на тоа дека парот е сè уште заедно и имаат четири деца, се поставува прашањето, дали навистина Канје ја изневерил Ким.

Се верува дека медиумите не се во право во врска со неверството на Кање. Еден од сомнежите кој се однесувал на случка од 2018 година бил дека Канје е преблизок со колешката и пријателка Тејан Тејлор и дека заради тоа Ким ја мрази. Ако е тоа вистина, Ким не би се појавила на промоцијата на нејзиниот албум еден месец пред да избие скандалот. Освен тоа, Тејлор работи за дискографската куќа на Кање, па нормално е тие двајца да поминуваат многу време заедно.

Еден месец потоа, излегле гласини дека Ким се плаши дека Кање ќе ја остави заради моделот Ерика Жардим, обвинувајќи го Кање дека има перверзни фантазии кон Ерика и претпоставувале дека Ким ќе се разведе од него. Секако, до развод никогаш не дојде.

По Ерика, Кање повторно се нашол под обвинувања дека тој флертувал со сестрите на Ким. Гласините се засилиле уште повеќе откако во една од песните на Кање има стих за сестрите на Ким, но подоцна се испоставило дека стихот е направен со одобрение на Ким и дека единствени кои биле вознемирени заради стихот биле сестрите на Ким, а не Ким.

Гласините отишле до таму што се зборувало дека Кање се заљубил во тазе разведената и сама Кортни, иако за тоа немало никакви докази, а времето покажало дека и таа приказна била лажна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi