Како Тито ја запросил својата Јованка?

4 мај, 20200
тито 3

Кога Јованка Будисављевиќ дошла на местото на секретарка во канцеларијата на Јосип Броз и ја заменила Даворјанка Пауновиќ Зденка, не очекувала дека ќе ја замени и во неговото срце.

Нивниот службен однос брзо прераснал во љубовен, а парот пет години подоцна, во 1952, во тајност се заколнал на вечна љубов, кога таа имала 28 години, а Тито 60.

– Не е потребно да се каже колку бев изненадена и збунета. Па јас бев само девојка од патријархална средина. Мене разликата во години не ми дозволуваше ниту да помислам на таква врска. Освен тоа, бев симпатична и имав многу додворувачи- во една прилика изјавила Јованка.  

Според нејзиното кажување, Тито ја побарал за жена со желба дека покрај неа конечно ќе го пронајде мирот во тешкиот живот.

– Мојот живот е тежок, исполнет со многу загуби, стресови и чувствувам дека со тебе најпосле ќе си обезбедам мир и среќа- биле зборовите со кои тој ја запросил.

Иако до тогаш биле заедно пет години, понудата за брак за Јованка била изненадување, бидејќи разликата во години била поголема од три децении. Таа најпрво и пречела, но подоцна се помирила.

– Разликата во години беше огромна, но не ја почувствував. Тито беше полн со енергија, витален- искрено зборувала Јованка.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi