Кардашијан објави фотографии од плажа, а фановите се збунија: “Која е оваа? Кајли?”
11 ноември, 2020
Ким Кардашиан предизвика расправа со фотографии од плажа каде според фановите не личи на себе.
На фотографиите, Ким позира во црно бикини и црни шорцеви и опуштено ѝ се смее на камерата. Сепак, следбениците не можеа да не ја забележат сличноста со нејзината помлада сестра.
„Тука си истата Кајли“, „Кајли, дали си тоа ти?“, „ОМГ, мислев дека ова е Кајли“, „Не знаев која од вас е на овие фотографии“, се само некои од коментарите.
Кајли ја коментираше фотографијата со емотикон на кој има срца наместо очи. „Кајли, мислевме дека ова си ти“, одговорија следбениците на Кардашијан-Џенер.