„Карпата“ го победи коронавирусот

5 септември, 2020
the-rock-under-armour-1280

Двејн Џонсон и целото негово семејство биле позитивни на коронавирусот, што американскиот актер го потврди на Инстаграм, пренесува „Њујорк тајмс“.

Џонсон на Инстаграм објавил дека тој и неговото семејство се заразиле пред околу две и пол недели од „многу блиски семејни пријатели“, но оти сега оздравеле и се чувствуваат добро.

-Мојата сопруга Лорен, двете ќерки и јас добивме позитивни тестови за ковид-19. Можам да ви кажам дека ова беше едно од најтешките нешта коишто сме ги преживеале како семејство – напишал актерот познат по прекарот „карпата“.

„Авантура во џунглата“ е следниот филм во кој што обожавателите ќе може да го гледаат Џонсон.

escort - Korsan taksi