Кети Пери не е повеќе русокоса! Поп-sвездата го смени својот изглед, па повторно ги шокираше обожавателите! А еве како изгледа сега (ФОТО)

16 декември, 2020
1938003_profimedia0461396074_ls

Поп-sвездата Кети Пери објави фотографија на својот Инстаграм профил и им покажа на своите следбеници дека конечно се врати во нејзината препознатлива боја на коса.

Таа објави неколку фотографии на кои посочи дека е повторно црна.

По фазата „русокоса“, која ја започна не толку одамна, во 2017 година, скоро немаше можност да ја видиме Кети Пери во изданието во кое ја паметиме уште од „десетиците“.

За обожавателите на оваа поп sвезда, бојата на руса коса означуваше не толку голем период во нејзината кариера – Пери не можеше да се пофали со комерцијален успех од почетокот на 2017 година, кога официјално започна да го промовира тогаш издадениот студиски албум „Witness“.

Да потсетиме, пејачката Кети Пери се породи на 25 август, а сега првпат се појави во јавноста по породувањето откако доби ќерка која го доби името Дејзи Доу Блум.

escort - Korsan taksi