Кети Пери од Орландо Блум побара да и исплати милион долари за прељуба!

28 ноември, 2020
profimedia-0468284355


Кон крајот на август оваа година, американската музичко-актерска двојка, 36-годишната пејачка Кети Пери и 43-годишниот актер Орландо Блум го имаа своето прво заедничко дете – девојчето Дејзи Доув Блум. Иако парот ужива во родителството и во моментите заедно со својата малечка, тие сè уште не кажале судбоносно „да“, а причината за ова е наводно предбрачниот договор, односно несогласувањето за тоа.

katy perry i orlando bloom


Имено, како што пишува Life & Style, дуото наводно подготвило предбрачен договор во износ од 335 милиони долари, во кој има одредени „спорни“ клаузули. Една од нив е ставка во која Кети инсистира Орландо да и плати милиони долари ако таа реши да ја напушти поради која било причина, а тој треба да и плати иста сума во случај да ја изневери. Поради сето горенаведеното, актерот наводно се предомислува за потпишување на предбрачниот, па според изворот, тоа сè уште не е реализирано.

katy perry i orlando bloom


Иако медиумите инсистираат на тоа дека предбрачниот договор е и главната причина зошто дуото сè уште не застанало пред олтарот, извор близок до парот ги негираше обвинувањата, објаснувајќи дека Кети и Орландо не ја легализирале својата љубов само поради коронавирусот што им ги нарушил плановите за ова година. Инаку, дуото, кое е во врска од 2016 година, се сврши во февруари оваа година, а пред да го сретне својот среќен крај ’на кратко беше раскинат.

escort - Korsan taksi