Кира Најтли пред 17 години била во врска со актер кој сега не сака ни да го погледне: и раскинал затоа што таа секогаш била во центарот на вниманието!

2 мај, 20200
кира најтли

Кира Најтли и нејзиниот колешка Џејми Дорнан имаа романса пред 17 години, а по две години сфатија дека на крајот на краиштата не се едни за други.

Џејми Дорнан во тоа време работел како модел и се заљубил во актерката Кира Најтли, која во тоа време беше во екот на својата слава. Тие започнале да се дружат во 2003 година, и се запознале додека снимале реклама за англиски бренд за накит.

Во тоа време, тие сакале да ги сокријат деталите за нивната врска и постојано бегале од папараците, бидејќи Кира во тоа време беше исклучително популарна. Сето тоа дојде по нејзината улога во филмот „Пиратите од Карибите“ каде глумеше рамо до рамо со холивудските актери Џони Деп и Орландо Блум. Џејми во тоа време бил непознат за јавноста и тој немал идеја дека неговата улога во „Педесет нијанси на сиво“, што ја толкуваше години подоцна, ќе му донесе светска слава.

“Голем притисок е кога се забавувате со славна личност како Кира. Мажот треба да биде алфа, но не беше така. 🙂 Таа беше во центарот на вниманието и заработуваше многу повеќе од мене”, рече Џејми откако се разделија со актерката и предизвикаа бројни коментари.

Кира по паузата дознала дека Сиена Милер се за заљубила во Џејми, таа ја повикала колешката и и рекла да се оддалечи од него. Пред неколку години, Кира и Џејми се сретнале на забава по доделувањето на наградите “BAFTA” во Лос Анџелес, но тие избегале едни од други и не се ни погледнале. Актерката е среќно во брак со рокерот Џејмс Рајт и тие имаат две деца, додекаЏејми е во хармоничен брак со колешката Амелиа Варнер и имаат две деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi