Ќерката на Дејвид Боуви не ја видела мајка си 6 месеци: јас сум само дете, ми недостасува!

13 мај, 2020
kerka

Лекси Џоунс, најмалото дете на Дејвид Боуви, открила дека заради коронавирусот шест месеци не ја видела мајка си, манекенката Иман.

19 годишната Лекси моментално е во Лос Анџелес, а мајка и е во Њујорк.

– Ве молам останете дома. Не сум ја видела мајка ми шест месеци зашто живееме во различни делови од земјата и навистина е тешко да се напушти Њујорк додека ова се случува. Но и јас сум само дете, таа ми недостасува, па ве молам не бидете расипувачи на забави за да не мора да поминат две години за да ја видам- напишала Лекси во емотивна објава.

View this post on Instagram

ei reppin💔

A post shared by Lexi Jones (@_p0odle_) on

Иман и Боуви биле во брак од 1992 година сè до неговата смрт во 2006 година. Од првиот брак Боуви го има синот Данкан Џоунс.