Клои Кардашијан го покажа својот нов дом: Луксузниот имот се наоѓа веднаш до вилата на нејзината мајка (ФОТО)

30 декември, 2020
kloi-kardasijan-830x0

Познатата ријалити sвезда се пресели во новата вила која ја купи во Хајден Хилс минатиот месец

Американската ријалити sвезда Клои Кардашијан (36) го покажа својот нов дом кој го купи минатиот месец во Хиден Хилс, а веднаш до нејзината вила се наоѓа и вилата на нејзината мајка Крис Џенер (65), па тие сега живеат на истиот имот.

Откако се пресели во својот нов дом во Хиден Хилс, Клои Кардашијан најде совршена позадина за нови фотографии, па сега позира во нов простран дом и голема градина со поглед на Лос Анџелес.

36-годишната девојка неодамна објави фотографии од кошаркарското игралиште каде игра нејзиното поранешно момче Тристан Томпсон, а се пофали и со други делови од имотот.

Иако цената сè уште не е откриена, се верува дека Клои и нејзината мајка издвоиле далеку повеќе од 10 милиони долари за своите вили кои се една до друга.

Имотот го купил во 2012 година за 7 милиони долари локален инвеститор кој го демолирал имотот и го реконструирал од нула, па Клои и нејзината мајка Крис се првите сопственици. Секоја вила има 929 м2 и 1,5 хектари земја.

Клои го продаде својот претходен дом во Малибу, кој претходно го купи од Џастин Бибер за 7,2 милиони долари во 2014 година, а го продаде на Јутуберот Дар Ман за 15,5 милиони долари оваа година, додека Крис го продаде својот дом во Хиден Хилс оваа година за 15 милиони долари.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi