Кортни и Кендал Кардашијан ќе раѓаат заедно?! ТАА Прави сè за да го спаси семејството Кардашијан од БАНКРОТ!

7 август, 2020
кардашијанс

Веќе некое време се шушка како најпознатото ријалити семејство Кардашијан-Џенер полека ја губи армијата на обожаватели, а со тоа и парите кои се слеваат во семејниот буџет. Гласините за банкротот и кризата во семејството дополнително ги размрдал раперот Канје Вест, сопругот на Ким Кардашијан, кој пред десетина дена на Твитер изнел низа обвинувања на сметка на сопругата, но и за нејзината мајка, една од најпознатите менаџерки во шоубизнисот, Крис Џенер, индиректно зборувајќи дека таа не бира начин на кој ќе дојде до пари.

Се зборува и дека 64 годишната Крис ги присилува своите ќерки, 41 годишната Кортни и 24 годишната Кендал да забременат во исто време за да ја зголемат гледаноста на емисијата “Во чекор со Кардашијан” и на тој начин да го спасат семејството од банкрот.

Исто така, се шпекулира дека Крис сака да ја зголеми гледаноста и со тоа што сака да ги смири 36 годишната ќерка Клои со таткото на нејзината двегодишна ќерка Тру, 29 годишниот кошаркар Тристан Томпсон кој ја изневери и со најдобрата пријателка на сестра и Кајли.

Но, ако им се верува на шпекулациите, мала е шансата, особено кога се работи за забременувањето. Кортни веќе е мајка на три деца, па така таа не планира да има уште деца, особено не сега кога веќе влегува во својата 42 година. Од друга страна пак, Кендал е една од најплатените манекенки во светот и во неколку интервјуа дала јасно на знаење дека сега за сега не планира да има деца.