Кралицата на поп-музиката цензурирана на социјалните мрежи, шири опасни и лажни информации

29 јули, 20200
Annotation 2020-07-29 190937

Мадона објави видео на Инстаграм во кое ја поддржува контроверзната докторка Стела Имануел, а социјалната мрежа го цензурираше нејзиниот пост.

Поп кралицата Мадона беше цензурирана од Инстаграм, откако во еден пост ја поддржа теоријата на заговор за корона вирусот. Пејачката сподели објава претходно поддржана од американскиот претседател Доналд Трамп, во која се содржани информации за лажен лек против вирусот што го парализираше целиот свет.

Мадона во видеото истакна дека контроверзната докторка Стела Имануел е нејзин идол. Имануел упати голем број на бизарни тврдења, вклучително и дека коронавирусот е предизвикан од „секс демони“. Таа од порано е позната по испадите и често ги користи своите социјални мрежи за ширење хомофобија и застапување за забрана на геј браковите. 

Инстаграм преку објавана на Мадона сподели ознака за лажни информации, а изнесоа низа причини зошто го направија тоа. Нагласија дека лек против корона сеуште нема.  

Твитер претходно го отстрани профилот на синот на Доналд Трамп, кој исто така ширел лажни информации на таа социјална мрежа. Тие посочија дека профилот ќе се отвори дури откако Трамп Џуниор ќе го отстрани контроверзниот пост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi