Легендарниот магионичар почина од корона! (видео

9 мај, 2020
magionicari

Рој Хорн, еден од најпознатите магионичари во светот, почина од корона вирусот

Рој Хорн (75), една од ѕвездите на легендарното магионичарско дуо Зигфрид и Рој, почина од вирусот корона, пренесува TMZ.

Неговиот долгогодишен соработник Зигфрид изјавил дека „светот на магијата го изгуби најдоброто, а јас го изгубив мојот најдобар пријател“.

“Од моментот кога го запознав, знаев дека ќе го промениме светот. Никогаш нема да има друг Зигфрид и Рој и не постои Зигфрид без Рој”, вели тој, додавајќи:

“Тој беше борец цел живот, особено во последните неколку дена. Ви благодарам на сите лекари и медицински сестри кои му помогнаа во борбата против болеста која на крајот му го одзеде животот”.

Рој Хорн и Зигфрид Фишбахер со години настапуваа во Лас Вегас, а она што ги издвојува од другите беа нивната екстравагантна облека и точки со тигар.