Лени Кравиц ги откри деталите од врската со својата најголема љубов: Кога првпат ја виде, се заколна дека ќе биде негова!

9 октомври, 2020
230543_profimedia0485683670_ls

Музичарот бил во романтични врски со бројни жени, вклучувајќи ги и Никол Кидман и Наоми Кембел, но никој никогаш не го шармирал како првата и единствена сопруга – Лиза Бонет. Во своите нови мемоари тој опиша кога се заљубил во неа и како, на незгоден начин, ѝ пришол.

Познатиот миленик на жените, Лени Кравиц, беше многу пати заљубен, но љубовта што ја чувствуваше кон неговата прва и единствена сопруга Лиза Бонет беше нешто посебно.

56-годишниот кантавтор објави мемоар под името „Нека владее љубовта“ во кој пишуваше за својот богат љубовен живот и откри како изгледало заљубувањето и запознавањето со Лиза.

View this post on Instagram

Book & audiobook. 3 days. #LetLoveRule

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz) on

Лиза беше голема sвезда во осумдесеттите години благодарение на улогата на најстарата ќерка во серијата „The Cosby Show“, а многу мажи ја сметаа за најубава жена на Светот.

Меѓу нив беше и младиот музичар Лени, кој тогаш беше во сериозна врска со Минг Си Лау, ќерка на милионер, со која се вери на неговиот 21 роденден.

Сепак, неговиот ентузијазам кон Лиза ја уништил таа врска затоа што Лени, уште пред да ја запознае актерката, бил целосно воодушевен од неа.

Кога ја виде за прв пат на насловната страница на ТВ-водич, тој рече: „Ова ќе биде мојата сопруга“ и оттогаш тој не престанува да сонува за неа, открива тој.

Кога Лени и Лиза конечно се сретнаа, зад сцената по концертот во „New Edition“, тој не знаеше како да и пријде, па само рече: „Ми се допаѓа твојата коса“.

„Тоа беше излитена, глупава изјава, една од најлошите глупави изјави во историјата“, напиша Лени во своите мемоари.

Лиза и Лени станаа блиски пријатели и иако долго време ништо не се случуваше меѓу нив во романтична смисла, пејачот вели дека неговата свршеница Минг сфатила дека е целосно опседнат со Лиза и дека нивната врска не може да успее.

Конечно, една вечер во студиото, Лиза го праша Лени дали може да ѝ покаже каде е бањата, а на патот кон неа, Лиза се сопна на жиците на гитарата и, како во филмовите, падна во прегратките на Лени. Почнаа страсно да се бакнуваат и останатото е историја.

Љубовта победува сѐ

“Во тој момент, сè се смени. Почнавме да се бакнуваме. Таа ноќ се преселив во спалната соба на Лиза. Судбината нè однесе таму. Со секој изминат час, нашата љубов цветаше. Предупредувањето стануваше пророштво. Пророштвото стана екстаза”, Лени се присети на својата најголема љубов.

Двојката се венча во Лас Вегас на дваесеттиот роденден на Лиза, во 1987 година. Во 1993 година, Лиза и Лени се разведоа.

Пејачот во книгата опиша и како ја зачнале својата ќерка Зои на Бахамите.

“Ништо не ни требаше. Не ни требаше облека. Пливавме голи во океанот. Водевме љубов”.

Во 2017 година, Лиза се омажи за sвездата на „Игра на тронови“ Џејсон Момоу. Лени е во извонредни односи со него.

“Луѓето не можат да веруваат колку сум добар со него или колку сум близу до мајката на Зои и како сите сме поврзани. Но, тоа е она што треба да го направите. Треба да дозволите љубовта да победи”, објасни Лени.

escort - Korsan taksi