Мадона изненади со прва тетоважа во својата 63-та година: Ја објави фотографијата на социјалните мрежи и ги откри деталите!

9 декември, 2020
o_15387236_1024

Мадона се води од фактот дека за некои работи никогаш не е доцна. Оваа пејачка одлучи да направи тетоважа за прв пат на 63-годишна возраст.

Таа на социјалните мрежи им пријавила сè на своите обожаватели, објавувајќи неколку фотографии на кои ги истетовира иницијалите на шест од нејзините деца на зглобот.

„Тетовирана за прв пат“, напиша таа во описот на фотографиите. Така, нејзината тетоважа гласи „LRDMSE“, а имињата ги рангираше според возраста: Лурдс (24), Роко (20), Дејвид (15), Мерси (14) и Стела и Естер (8).

escort - Korsan taksi