Која МАГИЈА ја содржи во себе бројот 5?

5 мај, 20200
5

Денес е 5.5.2020 година – нè очекува прекрасната енергија од магичната серија на броеви 5-5!

Сега не е време да се откажеме, туку да ја пронајдеме и почувствуваме магијата на слободата.

Во период на изолација, додека се дистанциравме од остатокот на светот, можевме да се поврземе подлабоко со самите себе. Таа уникатна врска со сопственото битие можеби ви открила некои нови насоки, тајни кои се длабоко скриени во прекрасните делови на вашата душа или нови таленти и потенцијали.

Сега сме во месец мај, управуван од бројот 5, кој симболизира ја слобода, енергија, авантура и харизма. Ваквата енергија ќе се почувствува особено кога двете петки ќе ја вкрстат својата енергија – 5-ти мај!

Петката претставува елемент на оган и не отвора за промени и нови животни авантури. Мај е месец кој симболизира цветање на дрвја, чувство на слобода, излегување од зоната на удобност и духовно будење.

Магичната комбинација од броевите 5-5 ни носи нови предизвици, трагање по непознатото и период на прилагодување. Но, сите овие се добри промени.

Многумина ќе успеат да ја исполнат својата цел, многумина ќе напредуваат во своите кариери и ќе најдат нови и добри патокази кон љубовта.

Пандемијата на корона вирусот нè научи една важна лекција – секој ден да го цениме како еден преубав и посебен живот.

Можно е под влијание на енергијата на броевите 5-5 да завршите проект на кој работите долго време.

Многу ритуали со емоционално и духовно чистење се поврзани со овој ден.

Започнете да го средувате домот и да го ослободите протокот на енергија во вашиот дом фрлајќи непотребни предмети.

Танцувајте, пишувајте, прошетајте во природа, вежбајте јога, гответе го омиленото јадење – донесете радост преку малите работи.

Искористете ја максималнно прекрасната енергија која ја носи комбинацијата на броеви 5-5!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi