Маргот Роби ЦЕЛОСНО се соблече за секс сцената во нејзиниот нов филм! (ФОТО,+18)

18 ноември, 2020
50899fe8-ccf1-4b54-8b34-7f55255ab0d3

Маргот Роби се соблече за улогата во нејзиниот нов филм „Dreamland“, а гледачите напоменуваат дека не можат да ја изнагледаат.

„Dreamland“ неодамна започна да се прикажува на „Amazon Prime“, се снимаше минатата година, а главната улога во неа ја игра 30-годишна австралиска суперѕвезда, која во драмата ја игра разбојничката на банка Алисон Велс.

Откако е повредена во грабежот на банка, Алисон во шталата на нејзиното семејство го сретнува наивниот тинејџер Јуџин Еванс (Фин Кол од Peaky Blinders). Тој веднаш се вљубува во неа и одлучува да ѝ помогне да избега од законот во Мексико.

Сепак, на патот, безмилосно ги брка полицијата која сака да ја фати Алисон откако таа уби пет лица. Јуџин потоа се наоѓа во дилема и почнува да размислува да ја предаде за парите од потерницата, но во исто време тој се повеќе се заљубува во неа.

Патем, Маргот Роби е доста зафатена и покрај пандемијата. Глумеше во претстојните филмови Peter Rabbit 2 и The Suicide Squad, а најавен е и нов филм за Харли Квин. Покрај тоа, таа беше најавена и како Барби во претстојниот истоимен филм.