Меган и Хари договорија соработка со Netflix

4 септември, 2020
profimedia-0491696088-790x536

Од англиски двор до холивудски продуценти за само половина година

Половина година откако ја шокираа светската јавност отстапувајќи од кралските должности и преместувајќи ги своите животи „преку барата“, Меган и Хари започнаа да откриваат што, освен хуманитарна работа, планираат да прават во иднина.

Тие неодамна потпишаа повеќегодишен договор со Нетфликс за кој ветија дека ќе продуцираат документарни филмови, серии, играни филмови и детска програма. Во заедничката изјава, парот го објасни потегот: „Нашата цел е да создадеме содржина што информира, но исто така дава и надеж. Како млади родители, создавањето инспиративна семејна содржина исто така ќе биде во нашиот фокус “. Меган, наводно, не планира да се врати во актерските води, таа својата кариера ќе ја гради од другата страна на камерата во иднина.

escort - Korsan taksi