Меган и Хари трајно се иселија: Среде ноќ ги извадија сите работи од куќата

21 ноември, 2020
fb54e19c-61b1-4a46-b4d1-d2a9a65dfc42

Меган Маркл и принцот Хари ѝ ги предадоа клучевите на нивната поранешна куќа во Фрогмор Котаж, на принцезата Ежени. Според британските медиуми, сите работи на поранешните станари биле изнесени среде ноќ за да можат да се вселат новите станари. Нивните предмети беа испратени до Меган и Хари во Калифорнија.

Бремената принцеза Ежени (30) и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк се преселија во резиденцијата пред три недели, која Меган и Хари темелно ја реновираа.

Иако Фогмор Котаж на хартија останува британска резиденција на војвотката од Сасекс, шансите тие да се вратат во неа се скоро непостоечки.

“Комбињата за преселување пристигнаа среде ноќ и ја испразнија куќата. Дефинитивно не сакав никој да ги гледа. Преземањето работи и предавањето на клучевите е прилично очигледен знак дека Меган и Хари не размислуваат да се вратат. Се чини дека ги прекинуваат сите врски и планираат да го продолжат престојот во Америка, можеби засекогаш“, изјави извор за „The Sun“.

Ежени и Џек во септември објавија дека ќе го добијат своето прво дете во новата година.

escort - Korsan taksi