МЕСТО ДА СЕ ТЕПА ВО РИНГОТ СЛАВНИОТ ММА БОРЕЦ ЌЕ СИ УЖИВА ВО ПЕНЗИЈАТА! ВИДЕО

15 јуни, 20200
1901303_konor-ap01_ls

Ирскиот ММА борец Конор МекГрегор реши да се пензионира пред неколку дена

Иако многумина тврдат дека ова е само уште еден маркетиншки потег, затоа што тој сака повторно да биде во центарот на вниманието, се чини дека тоа не е случај.

Како причина за заминување, Конор го истакна фактот дека тој нема повеќе мотив да се бори, бидејќи натпреварите не можат да му донесат ништо ново.

Како и да е, вистинската причина за заминување ја откри првиот човек на УФЦ, Дана Вајт

„Продажбата на неговото виски оди феноменално. Мислам дека тој во последно време руши рекорди и нема да му требаат пари во скоро време“, рече Вајт.

И навистина е така

Англиските медиуми тврдат дека Мекгрегор изградил вистинска империја со бизнисот со виски „Proper 12“, и дека вредноста на неговиот бизнис во моментов е неверојатни 750 милиони фунти (близу милијарда долари).

Од самиот почеток, продажбата на вискито помина одлично како резултат на прифатливата цена, така што само во првите шест месеци од продажбата во 2018 година, продадени се дури два и пол милиони шишиња.

Сега неговата деловна империја е навистина огромна и не е ни чудо што Конор реши да се збогува од тепачките.

Сепак, иако со него никогаш не сте на шисто, можно е да посака да се бори и да одлучи повторно да влезе во рингот.

Интересно е што Мекгрегор собра околу 80 милиони фунти од борбата против Флојд Мејведер, додека заработи „само“ два милиони долари од борбите во УФЦ.

Рекламите и спонзорствата, од друга страна, му донесоа многу повеќе пари.

Ирецот беше привлечен за сите, па така започна изградбата на неговата империја.

Мекгрегор го започна својот живот како водоводџија со големи соништа во светот на ММА, и на крајот стана веројатно најпопуларниот борец во светот кој направи вистинска империја благодарение на упорноста и фантастичното чувство за деловно работење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi