Миа Калифа направи профил на OnlyFans: ‘Сè ми е ново’!

20 септември, 2020
мија насловна

Поранешната популарна актерка во филмови за возрасни сè уште е во расчекор со порно индустријата, но неочекувано се појави на платформата „Само фанови“. Таа тврди дека нема да го користи за експлицитни фотографии и записи, туку за контакт со обожавателите.

Пред неколку години беше најпопуларна актерка во светот на филмовите за возрасни, но тие три месеци, колку што траеше нејзината кратка кариера, скапо ја наплати. Денес, Миа Калифа (27) е популарна медиумска личност во САД, но не може да го промени своето минато. Таа е во војна против порно индустријата, па многумина беа изненадени од нејзиното пристигнување на платформата „Само фанови“.

– Ви благодарам што ме поддржавте на оваа нова и возбудлива платформа. Конечно добив доволно самодоверба и сигурна сум во одлуките што ги донесувам сама. Иако нема да објавувам гола содржина, оваа страница ќе ја третирам како мој Инстаграм без да давам услуги. Сето тоа е многу ново за мене, никогаш не сум била на платформа за фанови, па затоа сум благодарна за сите предлози што ќе го подобрат моето присуство овде, рече Калифа во воведното обраќање до обожавателите.

Поранешната порно актерка тврди дека била малтретирана на социјалните мрежи последните пет години, и се заканувале и ја потсетувале на деновите кои не сака да ги памети, а кога имала само 21 година тврди дека направила грешка. Таа ги советува девојките да не размислуваат за влез во оваа индустрија, а исто така се пожали дека заработила само околу 10.000 евра во целата своја кариера. Денес таа заработува многу повеќе и нема сомнение дека добро ќе наплати за присуството на оваа сè попопуларна платформа.

View this post on Instagram

I have a full time job… as an accountant 🙂

A post shared by Mia K. (@miakhalifa) on

Нејзините филмови и денес се достапни на Интернет и нема никакви права за нив, додека од друга страна, порно индустриите заработија милиони. Сето ова ја натера да и сврти грб на порно индустријата и да ја насочи правдата на своја страна. Таа сака оди на суд за да ги отстранат снимките. Петиција за поддршка на Миа во таа борба неодамна потпишаа повеќе од 2 милиони луѓе.

escort - Korsan taksi