Мила му издаде на Ештон строга наредба со која нивниот брак застана на „стаклени нозе“?

3 ноември, 2020
mila-kunis

Ултиматум би можел да им пресуди

Наводните проблеми во бракот и можниот развод на актерската двојка Ештон Качер и Мила Кунис годинава повеќе пати ги пишуваа светските медиуми, а пред 12 месеци National Enquirer објави дека нивниот брак се „тресе“ затоа што 42-годишниот поранешен сопруг на актерката Деми Мур ги „удави“ тагата и болката во алкохол, па шест години помладата Мила беше принудена да му издаде строга забрана за пиење алкохол. Но, зошто актерот воопшто се опил и дали има вистина во таа приказна, кога ќе се погледне наназад?

Списанието напиша дека Мила му забранила алкохол на Ештон откако тој почнал да пие по десет лименки пиво секој ден додека гледал фудбалски натпревари дома на телевизија. Извор близок до актерскиот пар откри дека стана вообичаена глетка Ештон да биде пијан на каучот пред своите деца, ќерката Вајат и синот Димитри во среде недела, па Мила реши да стави крај на тоа. Актерката, наводно, знаела дека Ештон всушност го мачат мемоарите објавени од неговата поранешна сопруга Деми Мур, во кои таа не го прикажува во добро светло. Акумулираната повреда и незадоволството кон поранешната, Ештон ги „удави“ во шише, објасни изворот, но ѕвездата од серијата „Луди седумдесетти“ не покажа разбирање за неговото самосожалување.

Дека нешто не е во ред со таа приказна стана јасно на крајот на април годинава, кога парот објави на Твитер заедно дека лансираат сопствен бренд за вино, чија продажба ќе се бори против корона вирусот. Тие сигурно не би го сториле тоа ако на Ештон строго му е забрането и да помириса алкохол. Порталот „Gossip cop“ тогаш стапи во контакт со гласноговорникот Мила Кунис, која рече дека целата приказна е измислена. Сепак, најголемиот доказ дека нивниот брак не се распаѓа поради алкохолизмот на Ештон е фактот дека една година по објавувањето на таа приказна, актерот и актерката сѐ уште се во брак.

escort - Korsan taksi