Младaта германка не престанува да ја интригира јавноста

29 октомври, 2020
120987590_1273788952959947_6757552754013644898_n

Младата германка не престанува да ја интригира јавноста

Иако тие никогаш официјално не ја коментираа нивната наводна врска, која беше една од најинтригантните во холивудскиот свет во последните неколку месеци, 56-годишниот Бред Пит и скоро три децении помладиот германски модел Никол Потуралски ставија крај на тоа. А откако низ Светот се прошири веста дека холивудскиот заводник повторно е слободен, на својот Инстаграм профил се изјасни и привлечната 27-годишничка, а обожавателите на славниот актер се убедени дека таа му испратила мистериозна порака.

View this post on Instagram

Hang in there just for a little bit longer…

A post shared by Nico (@nico.potur) on

„Држи се уште малку“, стои во описот на фотографијата на која манекенката на креветот позира заводливо во оскудна облека. Иако Никол не прецизираше на кого ја испратила оваа охрабрувачка порака, со оглед на тоа што дојде веднаш откако медиумите објавија дека и завршила врската со 29 години постариот актер, порталот „Hollywood life“ наведува дека мистериозната порака била испратена до Бред.

Инаку, веста за раскинувањето за споменатите медиуми ја потврди неименуван извор близок до парот кој откри дека и покрај интензивното дружење во последните неколку месеци, 56-годишниот актер и германката не ја сфаќале нивната врска толку сериозно. „Бред и Никол раскинаа пред извесно време. Нивната кратка врска никогаш не беше сериозна“, рекол изворот. Интересно е и да се спомене дека веста за раскинувањето дојде само неколку дена откако насмеаната Никол беше фотографирана во друштво на нејзиниот 41 година постар сопруг Роланд Мери, со кого е во отворена врска и го има седумгодишниот син Емилио.

escort - Korsan taksi