Многу цвеќиња, природа и комфорт! -Вака Клои Кардашијан ја уреди луксузната вила која ја продава за 19 милиони долари(ФОТО)!

29 мај, 2020
kloi

Клои Кардашијан ја купи вилата од  Џастин Бибер, а сега ја продава за скоро три пати повеќе од првичната цена.

Клои Кардашијан купила вила во Калабасас откако раскинала со кошаркарот Ламар Одом во 2013 година, а сега таа ја продава – по зачудувачка цена.

Оваа вила има 6 спални соби, 7 купатила, базен и посебна просторија за гости! Клои ја купила куќата од  Џастин Бибер за 7,2 милиони долари, а потоа ја реновирала. Сега се продава по цена од скоро 19 милиони долари.