Мокри на плажа: Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер уживаат на одмор!

9 септември, 2020
1306117

Од моментот кога станаа двојка, познатата српска тенисерка и нејзиниот сопруг, германскиот фудбалер постојано беа под будното око на јавноста. Иако и двајцата ја завршија својата спортска кариера, сепак тие се во центарот на вниманието. Во моментот, се чини дека тие направија пауза од родителските обврски и уживаат еден со друг.

Една од најпознатите српски тенисерки, 32-годишната Ана Ивановиќ, ретко споделува детали од приватниот живот со јавноста. Бидејќи го поминуваат скоро целото време со своите деца, таа и поранешниот фудбалер решија да земат воздух и да отпатуваат на досега непозната дестинација, а Ана покажа фотографија од среќните моменти со својот сакан.

Претходно, Ана призна дека понекогаш и треба пауза од родителството. „Дури и најгрижливите родители понекогаш им треба пауза и време само за нив двајца“, напиша Ана на социјалните мрежи. Да потсетиме, двајцата се родители на две момчиња – Лук и Леон, на кои им се посветени целосно.

Неколку дена претходно, поранешната светска тенисерка број еден и освојувач на грен слем титула, Роланд Гарос во 2008 година, го покажа своето лице без шминка. Иако често е фотографирана во опуштено издание и без премногу шминка на лицето, Ана ги воодушеви своите следбеници со овој пост, кои и оставија бројни комплименти за нејзиниот изглед. Таа позираше во ресторан, а за комбинацијата избра едноставна креација со цветни мотиви. Долгата темна коса ја врза во опашка, а како моден додаток има само часовник и неколку тенки нараквици.

View this post on Instagram

Always on time for lunch. #foodieforever

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) on

escort - Korsan taksi