Басистот на Дејвид Боуви почина од корона вирусот!
20 април, 20200
Басистот на Дејвид Боуви, Метју Селигман, по две недели борба со корона вирусот, ја загуби битката.
Тој починал на 64-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврди пејачот Томас Долби, со кој Метју настапуваше.
Басистот Метју Селигман беше познат како член на култниот бенд од 80-тите години „The Soft Boys and Thompson Twins“, а свиреше и со „The Fallout Club“, “The Thompson Twins”, “The Dolphin Brothers”.