Џејми Фокс потврди дека ќе го глуми Мајк Тајсон

22 јуни, 2020
majk

Оскаровецот, Џејми Фокс, потврди дека ќе го игра Мајк Тајсон, американски поранешен боксер во тешка категорија, во следниот биографски филм.

Кастингот за долгоочекуваниот филм, во кој ќе глуми Фокс, првпат беше објавен во 2014 година, но по шестгодишна пауза, имаше сомнежи дали некогаш ќе се снима, пишува Си-Ен-Ен.

Како и да е, во разговорот со холивудскиот продуцент Марк Бирнбаум на Инстаграм, 52-годишниот актер, кој исто така е комичар, пејач и продуцент, ги потврди овие гласини, откривајќи дека многу вежбал и се подготвувал да го снима филмот.

„Да се глуми во биографија е тешка работа. Понекогаш се потребни 20 години за да се направи тоа, но ние официјално започнавме. Не можам да дочекам да им покажам на луѓето што научив“, рече Фокс.

Тој откри дека го запознал Тајсон кога имал 22 години, по стенд-ап настап за време на кој тој кажал шега за боксерот кој седел во публиката.