Корона вирусот се провлече и во некои од ТВ сериите…Еве и во кои!

22 ноември, 2020
мериди

Освен во реалниот живот, корона вирусот се провлече и во бројните серии како од „Вовед во анатомија“ до романтична семејна серија „Тоа сме ние“.

Во првите сцени од последната сезона на „Вовед во анатомија“, Мередит Греј ужива сама на плажа и одеднаш се буди истоштена во брза помош, опремена со целосна заштитна опрема.

„Мислам дека имаме обврска да покажеме низ што поминуваат здравствените работници“, вели сериската sвезда Елен Помпео.

Во време кога многу Американци се „иритирани поради носењето маски“ и не се свесни за предизвиците со кои се соочуваат болниците, последната сезона на „Вовед во анатомија“ нуди можност да слушнат колку е тешко за нашите здравствени работници“, вели таа.

Дајана Фролов и Ендру Шнајдер од серијата „Брза помош од Чикаго“ изјавија дека како „болничка серија“ тие знаеле дека треба да се справат со пандемијата

-Така што короната е исто толку директна, колку што е индиректна во секоја од нашите нови епизоди- изјавија за шестата сезона која излезе на 11 ноември.

Другите медицински серии како „Добриот доктор“ исто така, се занимаваа со вирусот, а „Нов Амстердам“ и „Специјалист“ треба да го сторат тоа во 2021 година.

Дури и не-болничките серии исто така го вметнаа корона вирусот во некои од епизодите.

Значи, во серијата „Тоа сме ние“ , член на семејството Пирсон оди во изолација, а Ребека мора да го одложи клиничкото испитување поради корона вирусот.

escort - Korsan taksi