Никола Тесла и жените – романтична приказна за најголемиот српски научник на големото платно!

27 април, 20200
tesla

Џејмс Џегер, режисер и продуцент од Холивуд, син на Мајк Џегер, подготвува нов филм за Никола Тесла.

Станува збор за љубовна драма во која се претставени сите жени кои биле вљубени во овој генијалец. Главниот актер кој би го играл Тесла сè уште не е избран, но во преговори е со Катарина Радивојевиќ, која живее во Њујорк, да ја глуми најголемата љубов.

Филмот, насловен „Никола Тесла и жените“, ќе се снима првенствено во Србија, а потоа и во Америка. Џејмс Џегер, познат по филмовите со политичка тема, овој пат се одлучил за романтична приказна и интимниот живот на научникот, за кој  малку се зане во јавноста.

Џегер открил дека се запознал со ликот и делото на Никола Тесла за време на студиите. „Купив 30 книги за Тесла и ги прочитав за три години. Потоа го напишав сценариото. Буџетот за филмот е 74 милиони долари, а еден од најдобрите продуценти на Холивуд, Ридли Скот, треба да ја преземе режисерската улога“.

Џегер посочува и дека ликот на Никола Тесла треба да го игра некој српски актер и дека кастингот ќе се одржи во Србија.

“Постоела љубовна врска меѓу Тесла и Кетрин Џонсон. Љубовта на Тесла и Кетрин, како и љубовта со Ленка Данџерски биле завиени во мистерија и интимност. Тоа ќе биде приказната мојот филм”, изјавил Џгер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi