Нирвана – Лажна песна и вештачка интелигенција!

22 јуни, 2020
nirvana

Јутуберот Fank Turkey генерираше триминутна музичка нумера и со помош на вештачката интелигенција го оживеа духот на легендарниот бенд.

Песната Smother така стана нова лажна песна на групата Нирвана, а имаше и нови хитови генерирани со помош на вештачката интелгенција на познатите бендови – AC / DC (интелигентно преименувана AI / DC), Red Hot Chili Peppers (ака Red Bot Chili Peppers) и Nickelback (или: Никелбот). Во описот на новата песна, Fank објаснува дека користел lyrics.rip за да ги пронајде вистинските стихови во базата на податоци „Genius Lyrics“ и за конечно да ги компонира стиховите ги користел синџирите на Марков – дискретен случајен процес на Марков, именуван по рускиот математичар Марков Андреј. Вели дека ги музиката и вокалот ги комбинирал сам- на Stratocaster, со лош микрофон и стара копија на ProTools.

Стиховите за новата лажна песна ги содржат и стиховите “I could eat your heart-shaped box for food”, “In the pines where did you smother me”, “Hey, wait! I got a mosquito!”, а целата нумера може да се чуе на неговата Јутуб платформа.