Првата жена црнќиња која ќе глуми агентка 007!

15 ноември, 2020
лашана

Лашана Линч ќе биде првата жена која ке глуми агентка 007 во претстојниот филм за Џејмс Бонд „No Time To Die“, потврди „Harper’s Bazaar“.
Шпекулациите за нејзината улога се појавија минатата година, што доведе до бројни реакции на луѓето кои негодуваа за нејзината улога, бидејќи не можат да прифатат жена да глуми таен агент.

„Седум дена, таа ги избегнуваше социјалните мрежи, медитираше и не гледаше никој друг освен нејзиното семејство, тешејќи се дека агресивните коментари не се лични“, напиша една писателка за Лашана Линч.

После тоа се огласи и самата актерка.
“Да се работеше за друга црнќиња, реакциите ќе беа исти, ќе имаше исти напади, исто злоставување, рече Линч.

Според Harper’s Bazaar, нејзиниот лик Номи го превзема кодното име таен агент 007 кога Џејмс Бонд (Даниел Крег) исчезнува по настаните од филмот „Spectre“.

Линч рече дека тесно соработувала со филмската ко-сценаристката Фиби Волер-Бриџ за да и даде на Номи женска перспектива за машката франшиза.

escort - Korsan taksi