Yon Idy – „странецот“ од Скопје

11 декември, 2020
Yon Idy 3

„Како од Скопје?!“, „Па, ова звучи светски!“, „Мислев дека е некој странец“, „Светско, а наше“ – се дел од реакциите на луѓето откако ќе дознаат дека тој е домашен артист.

Yon Idy, кантавтор од Скопје, ќе настапува во недела на фестивалот Таксират, кој ќе се пренесува онлајн и на МТВ3 цели 13 часови, започнувајќи од 11 часот. Тој ќе настапува со негови оригинални песни кои ги објавил досега, како што се Gentle, Walking the Line of Love, Waste No Love, Back Around, вклучувајќи ја и неговата прва објавена песна Hold Me Close. Другата половина од репертоарот ќе биде исполнета со песни кои ќе ги изведува по првпат. Според Јон, ова претставува посебна прилика, вистинско место да го претстави својот труд, создаден во текот на изминативе неколку години.

– Тоа е сцена на која во изминатите години настапувале артисти од целиот свет, концерти на кои сум присуствувал, на кои сум уживал и сум можел да видам нешто ново. Возбудлива е идејата дека и јас ќе бидам дел од оваа сцена. Како што се ближи денот, чувството станува сѐ повеќе надреално, ми се пружи можноста која ја чекав, да настапувам пред домашната публикавели Yon.

Артистот за кого сите мислат дека е странец. Веројатно е тоа комплимент, но поважно е да го препознаеме овој талент, кој е меѓу нас. Следете ја неговата изведба и воодушевете се колку што ние се воодушуваме кога го слушаме. 

escort - Korsan taksi