Зошто Џек не преживеа во „Титаник“: ТУКА се крие одговорот!

16 ноември, 2020
titanik-posledna-scena

Пејачката Селин Дион, која ја испеа познатата песна „My Heart Will Go On“ за потребите на хит блокбастерот „Титаник“, сега сподели со публиката зошто Џек не преживеал.

Поминаа повеќе од две децении откако овој филм беше прикажан за прв пат, кој ги сруши сите рекорди на рејтинг во тоа време и освои голем број награди.

Сепак, една мистерија не е решена до денес: дали главниот лик Џек, младиот човек од сиромашно семејство, сепак можеше да преживее?

Оваа дебата траеше со години, а многумина веруваат дека имало доволно простор за Џек на вратата што лебдела преку океанот, а на која лежела Роуз. Сега, пејачката Селин Дион исто така се обиде да одговори на мистеријата. Како гостин во емисијата на Џими Фалон, таа беше прашана дали Џек можеше да преживее.

– Знаеш дека тоа беше одамна? Не ме доведувај во незгодна ситуација. Што ако имаа намера да го снимат „Титаник 2“? – се пошегува пејачката.

Откако Фелон ја притисна малку, таа одговори дека Џек не се качил на вратата затоа што не можел.

– Ако ја погледнете таа сцена малку подобро, Роуз можеше да биде мртва или исто толку замрзната да не беше при себе. Покрај тоа, не му требаше покана. Ликот е во леден океан, можеби тој беше толку замрзнат што немаше сила да се искачи – изјави Селин.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris