На „Година 5 од Карантин“, Рајан Рејнолдс се шегува дека му недостасува неговото „тајно семејство“

29 мај, 20200
На „Година 5 од Карантин“, Рајан Рејнолдс се шегува дека му недостасува неговото „тајно семејство“

Секогаш можеме да сметаме на Рајан Рејнолдс да не „послужи“ со совршен спој на шарм и црн хумор додека го интервјуираат, и тој го испорача токму тоа за време на виртуелниот настап на Tonight Show, што се емитуваше во вторникот вечерта. Додека разговараше со водителот Џими Фалон за седењето дома со неговата сопруга, Блејк Лајвли, нивните три ќерки и неговата свекрва, тој постојано правеше шеги што ја натераа нашата љубов кон него да расте десеткратно.

„За момент таму бев во дилема – треба ли да седам во карантин со моето јавно семејство или моето тајно семејство во Данска?“

„Најдобро е“, рече тој за седењето во карантин со семејството. „Најдобро е. Ова е одлука за којашто воопшто не жалам“. Кога Џими праша како се чувствуваат неговите ќерки цело време дека имаат татко им дома, Рајан се пошегува со насмевка, „Искрено, мислам дека ова поставува опасен преседан, Џими. Мислам дека кога ќе погледнеме наназад на ова нешто години од сега, тие ќе мислат за мене и како порано сум бил „присутен татко“. И тоа ме загрижува.“

Моменти откако накратко ја покажа својата сентиментална страна и коментираше за тоа како го цени „поминувањето колку што е можно повеќе време“ со семејството, тој се врати во неговиот класичен шеговит стил. “Навистина варира помеѓу длабока, убава конекција и потоа одеднаш е како третиот чин на Вонземјани. Прво водам еден тотално нормален разговор со 3-годишник и таа одеднаш ми плука киселина во лицето и јас трчам низ дома за мојот живот, а јас не носам ништо друго освен еден долна маица, испотен како после трка.“.  Мора да признаеме, има доста бурна имагинација!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi