На кого личи малиот принц Луис? Јавноста целосно поделена!

4 август, 20200
178233_profimedia0402823484_ls

Секогаш кога децата на кралската двојка ќе стигнат до јавноста, или во живо или преку фотографија, сите се разнежнуваат па за симпатичните наследници на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се дискутира со денови.

Овој пат, во фокусот е најмладиот член на семејството, принцот Луис.

Обожавателите повеќе немаат можност често да го гледаат во јавноста, затоа што бројот на јавни ангажмани поради пандемијата е намален, но славните родители понекогаш ја изненадуваат љубопитната британска и светска јавност и го прикажуваат своето најмладо милениче преку фотографии.

Бидејќи голем број на виртуелни и ракописни честитки пристигнаа во палатата Кенсингтон, кралската двојка одлучи сега јавно да им се заблагодари на сите убави зборови во име на нивниот син.

За сите оние кои се сетија на роденденот на малиот принц, тие подготвија слатко изненадување – на секој од нив им испратија фотографија на двегодишниот принц со кралска посвета и благодарница.

Фотографијата на која се гледа малиот Луис како позира со уредна фризура во карирана детска кошула со широка насмевка на лицето, целосно ја разнежни јавноста.

Најмладиот син на кралската двојка, според многумина, најмногу наликува на неговиот дедо Мајкл Мидлтон.

Други, пак, велат дека малиот Луис е копија на постариот брат, принцот Џорџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi