8 јули, 2020

Зоолошката градина, некогаш во сопственост на контроверзниот Џои Егзотик, ѕвездата на мега-популарниот документарен филм на Нетфликс, Тигар Кинг, ќе заврши во рацете на неговиот најголем ривал, Карол Баскин, во чиј атентат беше вмешан и Егзотик, јавува Би-Би-Си.

Судот пресуди дека Карол Баскин го добива земјиштето во Оклахома. Ова е дел од пресудата во спорот за авторски права вреден 1 милион американски долари.

Егзотик моментно издржува затворска казна од 22 години за вмешаност во заговор за убивање и злоупотреба на животни.

Документарниот филм „Тигар Кинг“, кој стана популарен во март на платформата „Нетфликс“, е приказна за животот на Егзотик и неговото ривалство со Карол Баскин, сопственик на засолниште за животни во Флорида. Нивната комплицирана врска е предмет на документарен филм за кој многумина велат дека е најлудиот што треба да се гледа.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // На контроверзниот Џои Егзотик му беше одземен имот и ѝ беше доделен на жената која планираше да ја убие
Горе