Најбогатиот човек во светот и неговата вереница на суд

10 јуни, 20200
Jeff-Bezos-and-Lauren-Sanchez-

Како што откри Мајкл Санчез, братот на поранешната телевизиска презентерка, денес позната како свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, за да се спасат од скандалот со компромитирачки фотографии на милијардерот, тие го обвиниле него и го означија како главен виновник.

Братот на свршеницата на Безос, Мајкл Санчез, тврди дека моќната двојка го „жртвувала“ откако во јавноста излегоа голи фотографии од најбогатиот човек во светот. Санчез, чија сестра е во врска со Џеф Безос од 2018 година, тврди дека погрешно бил обвинет дека е тој ги проследувал голи фотографии до медиумите, кои сопственикот на Амазон ги испратил на својата љубовница Лорен Санчез на почетокот на нивната врска.

“Јас го чував грбот на сестра ми и ѝ бев нејзина најголема поддршка уште од нејзиното раѓање. Премногу пати сум„ паднала“ наместо неа, но различното овој пат е што нашето семејство се распадна заради ова, но Лорен не се грижи” – изјави Мајкл Санчез за „Dejli Mejl“, тврдејќи дека за време на истрагата федералните агенти потврдија дека тој не е виновен.

„Сега, кога ФБИ и приватните иследници на Амазон потврдија дека никогаш ги немав фотографии од Џеф со кои го уценуваа, она што очекувам е барем лично извинување. Но, Џеф и Лорен не трепнаа кога ме „фрлија под автобусот.“ Тажно, но изгледа дека нашата следна средба ќе биде на суд “.

Но, извори од друга страна тврдат дека Мајкл Санчез сака и инсистира на јавно извинување на насловната страница на „Washington Post“, чиј сопственик е Џеф Безос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi